Јави се сега +38971311 601  Емаил info@littleme.mk   Сподели на Фејсбук Инстаграм         

Вредни дечиња

Вредни дечиња,
со вредни рачиња.
Најпрво колачиња вкусни направија
и наутро на тато и мама подарија.
Радоста која предвечерјето на Бадник ја носи
и насекаде низ градинката царува
дечињата со љубов бадникови торбички направија и од срце ги подарија:
за бато или дада, за дечиња кои не ги знаат но од радост и со љубов се' прават.
Празниците се вистински момент за сплотување на семејството. Посакувајте убави моменти, прегрнете ги најблиските и најсаканите, помислете на подалечните или непознатите.
Љубов за пример подарете на своите деца - убавите моменти поминати во домот децата никогаш не ги забораваат, напротив поврзаноста со Вас родителите најмногу ја зајакнуваат.
Надградувајте ги семејните вредности, учете ги Вашите деца на нив, на традицијата, на обичаите.
Следете го примерот на градинката - сите заедно така ќе постигнеме многи за децата.
#верувајтеиподдржувајтегиВистинскитевредности - #такаќепостигнетемногувовоспитувањетонасвоитедеца
#Дететопредсе
Среќен Бадник и Божиќ посакуваат
Честитки искрени упатуваат децата и вработените од градинката Little Me International Preschool