Јави се сега +38971311 601  Емаил info@littleme.mk   Сподели на Фејсбук Инстаграм         

Предучилишна

          Приватната установа за деца -детска градинка LITTLE ME INTERNATIONAL PRICHOOL Скопје работи според  Програмата за рано учење и развој базирани врз Стандардите за рано учење и развој ставајќи го главниот фокус на значењето на раното детство за интелектуалниот, емоционалниот и социјалниот развој на секое дете, задоволувајќи ги неговите потреби, интереси  и индивидуални можности.
Холистичкиот пристап, на кој се базира развојот и учењето на детето од предучилишна возраст, се однесува на обезбедување на безбедна и сигурна околина за учење и развој, зајакнување на развојната подготвеност за училиште, како и формирање на правилни навики за заштита на здравјето на детето.

          ПРОГРАМА ЗА РАБОТА СО ДЕЦА НА ВОЗРАСТ ПРЕД ПОАЃАЊЕ ВО УЧИЛИШТЕ

          Годината пред поаѓање во училиште за нас преставува неопходна, многу значајна година во која доколку детето претходно воопшто не посетувало градинка, не било социјализирано во друга социјална средина освен семејството, со директно поаѓање во училиште , многу истражувања покажале дека истото ќе покаже многу послаби резултати на секое поле (аспект) од неговиот развој.
          Од оваа причина ја препорачуваме оваа ПРЕДУЧИЛИШНА ПОДГОТВИТЕЛНА ПРОГРАМА,  која се реализира во две форми:
- полудневен престој 
- целодневен престој

          Децата кои најмалку една година ја посетуваат градинката стануваат добро подготвени за во училиште. Тие лесно ќе ги прифатат училишните обврски и ќе можат брзо да се вклопат во новата средина и да покажуваат резултати со кои ќе се самопотврдат, самодокажат и ќе се почувствуваат како личности кои се дел од средината и околината во која живеат.