Јави се сега +38971311 601  Емаил info@littleme.mk   Сподели на Фејсбук Инстаграм         

Деца 3 - 5 години

          Приватната установа за деца -детска градинка LITTLE ME INTERNATIONAL PRICHOOL Скопје работи според  Програмата за рано учење и развој базирани врз Стандардите за рано учење и развој ставајќи го главниот фокус на значењето на раното детство за интелектуалниот, емоционалниот и социјалниот развој на секое дете, задоволувајќи ги неговите потреби, интереси  и индивидуални можности.
Холистичкиот пристап, на кој се базира развојот и учењето на детето од предучилишна возраст, се однесува на обезбедување на безбедна и сигурна околина за учење и развој, зајакнување на развојната подготвеност за училиште, како и формирање на правилни навики за заштита на здравјето на детето.

 

          ПРОГРАМА ЗА РАБОТА СО ДЕЦА НА ВОЗРАСТ ОД 3-5 ГОДИНИ

          Возрасна група на деца која од нас како градинка, како стручни лица, бара планирана, содржински богата, сеопфатна, во тек со времето, прогресивна, поттикнувачка, мотивирачка, самопотврдувачка, креативна и динамична  програма за работа  прилагодена  кон секоја индивидуа која неа ја сочинува.

          ЗОШТО?
          Затоа што , како и за сите возрасни групи, така и за оваа, тимот воспитувач/неговател, стручните лица и ние како менаџерски тим на градинката сме одговорни кон сите возрасти и и сите деца кои ни‘ се доверени.
          Затоа што нивниот успех е и наш успех.
          Затоа што нивниот напредок е и наш напредок.
          Затоа што ги сакаме, почитуваме и постоиме за сите деца на светот!!

          Покрај развојот на аспектите од детската личност на кој ќе биде даден посебен акцент, многу внимание се обрнува на дополнителните содржини- програми кои се наменети за оваа возрасна група и тоа:
- Спорт и спортски активности
- Креативни работилници
- Изучување странски јазик
- Музика и музички активности
- Јога за деца
- Биолошка школа и љубов кон природата