За Нас
Приватната установа за деца-детска градинка Литл Ми интернешнл прискул е основана на 10 јули 2017 година. За релативно краток временски период оваа установа за деца прерасна во синоним за врвен стандарт во поглед на квалитетна воспитно-оразовна работа, високо квалификувани и талентирани тимови, добро опремени простории, љубезна услуга и пристапни цени.
Приватната детска градинка, Литл Ми, е безбедно, привлечно и пријатно место каде вашето дете ќе се чувствува сигурно, прифатено а истовремено доволно самостојно и независно за да преку основните и дополнителните активности максимално ги развие своите потенцијали. Нашата задача како градинка е на дечињата да им обезбедиме пријатно друштвена , развојно социјална и грижлива средина пропратена со сите услови за спроведување на разновидните активности кои во текот на целата година се детално обработени, однапред испланирани и прилагодени за возраста на детето. Нашата цел е вашето дете да биде задоволно и среќно, да ги стекне првите дугарчиња, да научи да ги сака луѓето и природата, да учи низ игра, а низ играта да се чувстува сигурно и сакано!
Нашата основна идеја е дека во животот среќните и задоволни деца прераснуваат во самоуверени и независни личности, кои цврсто стојат на своите нозе и во светот на возрасните постигнуваат повеќе од останатите.
Оптимизмот, ентузијазмот и позитивната енергија се нашето основно мото. Нашата професионална цел е да бидеме најдобри, а нашите планови за иднината се да продолжиме со секојдневно усовршување и следење на светските трендови за дејноста која ја реализираме.
Работејки ја оваа дејност, најмногу сме горди на корисниците на нашите услуги - нашите среќни дечиња, кои од ден во ден израснуваат во здрави, сигурни, убаво воспитани и квалитетно образовани деца.
Драги мајки и татковци, поласкани сме кога ќе одлучите да ни го доверите вашето најмило и новата одговорност ја прифаќаме многу сериозно. Секоја заедничка соработка, ваш предлог, сугестија, забелешка, но и критика нам ни се премногу драгоцени, бидејки вашето дете е наша заедничка грижа.