Градината на зајко
13/04/2021 - 13:08
Зајко нè фати за рака
и ни' рече вака:
- Ајде во мојата градина да ве водам,
да ви покажам што таму има,
моркови, зелки, ротквички
краставички вкусни, мали
секое дете да ги милува и гали!!
Радосен зајко ита, шета, збори
градината своја ја фали,
секому посака дар да подари.
Децата вака умни раснат
во градинка како од најубава сказна
#дететопредсè



















