Вселена
26/03/2021 - 13:49
Тоа што е далечно, скриено, непознато од и за децата, секогаш е предизвик, буди интерес, поттикнува љубопитство , потреба и желба за истражување.
Вселената, космонаутите, вселенските бродови се тајната која децата посакаа да ја откријат, па се запрашаа:
- дали и на Марс има пролет
- дали и таму цути кокиче нежно
- дали пчелките, пеперутките, буба марите леткаат низ вселенската шир, или таму владее посебен, чуден, шумолив, интересен вселенски мир?
#дететопредсè




















