Совети за деновите на продолжен викенд
10/10/2020 - 11:52
За деновите на продолжен викенд, но и секојдневно, Литл Ми Ве советува:
- поминете ги деновите во кругот на Вашето најтесно семејство. Посветете се на игра, дружење, прошетки на отворено со Вашите деца. Вие, возрасните носете маска
- не практикувајте собирање, па макар и на отворено
- родендени, убави поводи, честитајте ги преку телефон, видео порака, СМС порака или на кратко дружете се преку ZOOM апликацијата
- сончајте се, посетете блиска планина или полјанка и со себе секогаш носете средство за дезинфекција, вода, марамици
- поминете време на читање сликовници, детски списанија, изработете нешто заедно со вашето дете, играјте со тесто, подготвувајте храна, но не се групирајте и држете дистанца
- чувајте го своето и здравјето на Вашите деца - така сите ќе си помогнеме и побрзо ќе ставиме крај на оваа состојба
- хранете се здраво, со свежи намирници, правилни комбинации и доволно течности
- посакуваме најпрво многу здравје за сите, многу поведри и посреќни мигови. Заедно секако ќе успееме!!
Среќен празник!!
#дететопредсè




