Јави се сега +38971311 601  Емаил info@littleme.mk   Сподели на Фејсбук Инстаграм         

Подготовки за Меѓународниот ден на реките

Драги наши!
Ајде да се подготвиме утре да го одбележиме Меѓународниот ден на реките!
Да се радуваме на природата, природните богатства и на здравјето кое таа ни' го дарува, доколку добро ја чуваме.
Утре ќе се дружиме преку низа содржини и игри:
за децата од најмалата група:
- да ги собереме рипчињата кои пливаат по реката
- да ја обоиме водата сина, како чистата и бистра вода на реките
- да чекориме по " река " од различни подлоги со нашите боси ноџиња
за децата од малата возрасна група:
- да ја обоиме реката во која ќе пливаат рипчињата(штампање со прсте и темперна боја)
- да ја исчистиме реката од хартиите кои ги фрлиле во неа- собирање на отпад од реката
- лепење на рипчиња направени со рециклирање
За најголемите другарчиња:
- во бојата на реката да направиме мажоретки со кои ќе танцуваме на песничката: Чувај ја природата - Поточиња 2005
- разговараме на тема- Како да ги чуваме реките? - сликаме на тема "кој живее во реките"
- сечење со ножички- река и рипчиња од весници
Ги очекуваме вашите фотографии од се што сработивте
#дететопредсè