ЗА ДОБРОТО НА СИТЕ ДЕЦА
11/03/2020 - 10:29
Со децата раснеме!
Со децата се радуваме!
Со децата и преку нив се зближуваме!
Со децата се радуваме!
Со децата и преку нив се зближуваме!
За нив твориме и живееме!
Сега е на ред заради децата да се грижиме, помагаме, едни на други мислиме и советуваме, заеднички да се охрабруваме и советуваме.
Тоа е дел од нашата мисија , зошто впрочем постоиме.

Да го искористиме периодов најрационално да се однесуваме и заеднички да се поддржуваме и поттикнуваме:
- да се посветиме максимално на децата, играта, разговорот, читањето, боењето, моделирањето....со нив;
- секојдневно да се потсетуваме како, кога и колку долго рачињата да ги миеме
- да пиеме многу здрави и свежи сокчиња, да јадеме многу овошје и свежи салати
- да посакаме порака за среќен роденден по вибер, смс или фејзбук, а посакуваната журка да ја одложиме во некоја друга прилика. Вистинските пријатели нема да ни замерат
- наместо на гости или некој да ни' дојде на гости, вие дома поиграјте си некоја игра " одиме на гости" или " куклата на гости кај мечето" - верувајте децата вистински ќе се радуваат
- повторете си по некоја од игрите кои сме ги играле во градинка
- воопшто не практикувајте посета на средини каде има многу деца, возрасни...

На секој родител кој го познавате, споделете ја нашата заедничка цел ЗА ДОБРОТО НА СИТЕ ДЕЦА. Така СИТЕ ЗАЕДНО ЌЕ УСПЕЕМЕ
Посакуваме за сите добро здравје!
#дететопредсè