Јави се сега +38971311 601  Емаил info@littleme.mk   Сподели на Фејсбук Инстаграм         

Природата да ја разубавиме

Како ли природата да ја разубавиме,
љубов, смеа, радост да и' подариме?
Решивме денес со боите нејзини да поиграме, да попееме и да потанцуваме.
- Најпрво телото наше со игра ведра го разбудивме,
- цвет од дете на дете си подававме.
Вредните раце и прстиња наши
се помачија и на коцките во весели бои вистинско место им пронајдоа.
Учителките ведри еколошки ноти изнајдоа и со пролетна песна нè развеселија.
Радосни сме мамо и тато,
денес имаме многу убави
доживувања од нашата градинка да ви раскажеме
#дететопредсè