Проценка на детскиот развој
08/02/2020 - 07:45
Континуираната обука на вработените со обуки од интерен и екстерен карактер е практика која создава кадар кој има можност да биде во тек со новините, искуствата и практиките во светот на предучилишното, но и можност за утврдување, потсетување и совладување нови техники, содржини и знаења кои се практикуваат секојдневно.
Денес се едуцираме на тема "ПРОЦЕНКА НА ДЕТСКИОТ РАЗВОЈ-ТЕХНИКИ, МОДЕЛИ , ЕФЕКТИ И ПОЗИТИВНИ ПРАКТИКИ" во континуитет спроведувајќи ја соработката со Проф. д-р Татјана Котева - Мојсовска.
Си посакуваме среќен и успешен ден, ден посветен на нашата едукација, позитивното дружење и на најдоброто за нашите и Ваши деца.
#дететопредсè










