Зимски спортови
27/01/2020 - 17:46
Како да научиме за зимските спортови освен ако истото не го доживееме со своите очи.
Децата, заедно со Вас ќе излезат од секојдневието доколку поминете умни минути со нив:
- сместете се убаво
- одберете интересни инсерти од некои натпреварувања на скокалница
- опишувајте им го овој спорт; раскажувајте како е облечен натпреварувачот; споредете го скокот како лет на птица, објаснете колку е храбар натпреварувачот, колку вежбал, колку моркови, портокали, сокчиња испил...
- зборувајте за тоа зошто натпреварувачот носи кацига на главата
- зборувајте за публиката наоколу
Вака секој ден на своите најмили би им создавале вистински радосни мигови на дружба и забава со Вас
#дететопредсè











