Јави се сега +38971311 601  Емаил info@littleme.mk   Сподели на Фејсбук Инстаграм         

На коледе кај Андреј

НА КОЛЕДЕ КАЈ НАШЕТО ДРУГАРЧЕ АНДРЕЈ - така ја насловивме нашата денешна активност.
Посета исполнета со радост, насмевки, песни и задоволство за секое дете.
Полни раце подароци од домаќините добија дечињата од нашата градинка , а душите ни' се наполнија со спомени кои никогаш не се забораваат!
Уште еден прекрасен ден, во низата празнични денови - ден во кој ги разбудивме нашите емоции, научивме многу за нашите празници и традицијата, наичивме за едно поинакво другарство, љубов и посветеност кои можат да се подарат од прекрасно семејство како семејството на нашето другарче Андреј каде денес бевме поканети!!
ЗА МНОГУ ГОДИНИ СИТЕ ПРАЗНИЦИ КОИ НÈ ЗБЛИЖУВААТ И УЧАТ КАКО ДА СЕ САКАМЕ И ПОЧИТУВАМЕ!!!
#дететопредсè