Јави се сега +38971311 601  Емаил info@littleme.mk   Сподели на Фејсбук Инстаграм         

Икебани во тиква

Денес да ја истакнеме нашата креативност.
Најпрво големо браво за семејствата кои го искористија викендот за прошетка на отворено и патем собраа најразновидни есенски плодови и декорации.
Денес рачињата на сите вредни дечиња ќе ја разубават градинката со прекрасни икебани направени во тиква.
За тиквата имаше многу што да се разоткрива, истражува, почувствува и опише.
Децата највеќе од сè се инспирирани од богатството на природен материјал кој навистина многу ја разбуди нивната фантазија и креативност.
#дететопредсè