Туркање автомобилчиња
07/05/2019 - 19:40
Туркањето автомобилчиња, подавањето едни на други, лазењето на колена потпирајќи се на едната рака, а буткајќи со другата рака, изговарањето на слоговите: ту-ту, бу-бу, та-та, меѓусебната интеракција, самостојноста во седењето, станувањето, седнувањето... се неколку од многуте предности за најмалите кои растат и се развиваат во позитивна социоемоционална средина.
Најмалите во градинката во наредниов период ќе бидат мотивирани, анимирани, поттикнати за игра преку многу интересни содржини кои ќе соодветствуваат на нивната возраст.
#дететопредсè
















