Особините на водата
05/03/2019 - 11:30
Денес продолживме да ги истражуваме особините на водата. Еве како:
- најпрво мандарината самостојно ја лупевме (мускулчињата на прстињата ги вежбавме), ги фаќавме парченцата од лушпа со двете прстиња (прецизност, вежбање координација во функцијата на прстите), видовме дека некои парченца пливаат над водата, некои потонуваат, вкусивме дека водата го смени вкусот, малку и бојата...
Почувствувавме различни површини - тврда, полумека, влажна, потешко кинлива, рапава...
Ако денес имате свежа марула за ручек, дозволете им на децата макар да ги искинат листовите, да ја наросат со сол, солта да им се залепи за прстињата....Потоа воодушевувајте се на нааајвкусната салата на светот.
Истражуваме и учиме!!
#дететопредсè



















