Будење на сетилата
05/03/2019 - 12:16
Со децата од најрана возраст треба многу и секојдневно да се работи. Една од многу значајните работи е на најмалите да им се овозможи да фаќаат и почувствуваат секакви содржини, секакви видови на површини и материјали.
Треба да им овозможуваме да земаат, враќаат, стиснуваат, отпуштаат, да се соочуваат со шаренило од живописни бои. Така допираме и ги будиме нивните сетила, така ги правиме радосни, среќни, исполнети...
#дететопредсè

















