Светскиот ден на мајчиниот јазик
05/03/2019 - 12:15
Денес нашата градинка и нашите и Ваши дечиња се приклучивме кон одбележувањето на Светскиот ден на мајчиниот јазик.
Низ театарската престава, на весел, непосреден, интерактивен начин на децата им ги пренесовме знаењата за тоа колку многу е важно меѓусебно да комуницираме, како преку оживеаните ликови на буквите можеме да се насмееме, да си раскажеме по нешто, но најважно од сè да ги изговараме правилно - токму така како што треба.
Децата најпрво треба да го проговорат својот мајчин јазик... Децата треба да го љубат и негуваат запознавајќи ја неговата историја, значење, функција.
Денес со нив заедно го заокружуваме Проектот ПАТУВАЧКА ТОРБИЧКА - проект во кој ги инволвиравме сите семејства, проект кој значи развивање навики за секојдневно користење на литература за деца на мајчин македонски јазик.
#дететопредсè
































