Светски ден на писменоста и Ден на независноста - 2
07/09/2022 - 09:01
Во пресрет на големиот празник на нашата држава, паралелно не го одминуваме и одбележувањето на Светскиот ден на ПИСМЕНОСТА.
Земја со свои просветители, треба да е горда и на своите најмали генерации.
Градинката има улога да ја развива љубовта кон книгата, грижата и одговорноста кон неа, да ги оспособува дечињата да ги препознаваат и преку различни игри да ги пишуваат буквите, да стануваат писмени од мали нозе!!
Денес, воспитувачите, согласно со возраста на децата, осмислија и успешно реализираа безброј активности постигнувајќи ги главните задачи и цели во денот.
ВЕЧЕН, УСПЕШЕН И РАДОСЕН ДА НИ' Е И ДЕНЕШНИОТ И УТРЕШНИОТ ПРАЗНИЧЕН ДЕН!!
#дететопредсè























