Јави се сега +38971311 601  Емаил info@littleme.mk   Сподели на Фејсбук Инстаграм         

Крајот на годината сите дела ги краси

Крајот на годината сите дела ги краси..
Да Ви раскажам и опишам:
Градинка како најтопол дом.Сијалички ситни, разнобојни тивко светкаат и шепотат меѓу себе треперејќи нестрпливо за што поскоро да почне преставата. Учителки кои својата креативна душа ја внеле и проткаиле во прекрасен новогодишен амбиент.
Еци, создала сценарио за сечија детска душа. Улоги : Мони - шарени бомбони, Снегулка, Елката, Самовилата, Баба Зима и Дедо Мраз. Прекрасни , нови костими кои ги создаде тетка Горде.
Волшебство на сцена. Радост, смеа , песни, насмевки, подароци- се' по ред како што и' прилега на секоја нова, наредна година со желба да биде уште поубава, поуспешна , посреќна , поздрава, поведра...
Уживајте во убавините кои ги создава градинката ЛИТЛ МИ и бидете дел од нејзиното семејство
#дететопредсé