Јави се сега +389 71 311 601  Емаил info@littleme.mk   Сподели на Фејсбук Инстаграм         

Исхрана

ПРИВАТНАТА УСТАНОВА ЗА ДЕЦА – ДЕТСКА ГРАДИНКА  LITTLE ME INTERNATIONAL PRESCHOOL – СКОПЈЕ располага со сопствена кујна, современа и новоопремена и истата ги задоволува пропишаните нормативи и стандарди за правилно чување, правилна преработка и послужување на истата.

Во моментов, на почетокот на работата на нашата градинка, го поддржавме проектот и иницијативата на др. Жан Митрев за стекнување навики за здрав начин на исхрана како и користење на богатството продукти со кои располага нашето македонско поднебје и со кујната која подготвува храна, под директно менторство и инструкции од Др. Жан Митрев со кого имаме потпишано договор за соработка.


Мотото под кое др. ЖАН Митрев ја воведува здравата исхрана во градинките е:

“ЗА ЗДРАВИ ДЕЦА СО ЗДРАВА ИСХРАНА“

“ОДНОСОТ КОН ХРАНАТА Е ИСТОВРЕМЕНО ЦИВИЛИЗАЦИСКИ ПРИСТАП НА ЕДНА ЛИЧНОСТ“

“ХРАНАТА Е ЈАДЕЊЕ, ТЕРАПИЈА, ЛЕК ЗА ОРГАНИЗМОТ, И УБАВИНА НА ЕДНО ДЕТЕ“

“НАШАТА ЖИВОТНА МИСИЈА Е ЗАШТИТА И ОДДРЖУВАЊЕ НА ЗДРАВИ, НЕГУВАНИ ДЕЦА И НИВЕН ДОЛГ И ЗДРАВ ЖИВОТ“

(Др. Жан Митрев)


Поседувањето на кујна во просторот на градинката е голема предност во нашето работење од следниве причини:

  • Оброците се подготвуваат и прилагодуваат кон возраста на децата;
  • Има услови да се излезе во пресрет на родители т.е. нивното дете за подготовка на оброци според посебна листа на јадења препорачана од доктор, алерголог, нутриционист и сл. со исклучителни состојки кои влијаат на здравјето на детето;
  • Подготовката на оброците е свежа, секојдневна, со намирници (застапено многу зеленчук и овошје), додатоци на храната (хељда, просо, куркума, маслиново масло....)
  • Можност да се послужи оброк (појадок) подоцна од планираното, доколку родителот однапред најави доажање во градинка подоцна во денот;

Дневниот режим на оброци е следниот:

  • Со доаѓање во градинка овошен оброк или смути.
  • Појадок од 08.30 - 9.30ч.
  • Прва ужинка 10.45 – 11.00ч.
  • Ручек 13.30 - 14.00ч.
  • Втора ужина 16.00ч.