За Градинката

ПРИВАТНАТА УСТАНОВА ЗА ДЕЦА – ДЕТСКА ГРАДИНКА 

LITTLE ME INTERNATIONAL PRESCHOOL – СКОПЈЕ  е новоотворена акредитирана детска градинка во Кисела Вода – Скопје со основна  дејност:

Згрижување и воспитување на деца од предучилишна возраст, односно згрижување, престој, нега, исхрана, воспитно-образовни, спортско-рекреативни, културно-забавни активности, мерки и активности за подобрување и зачувување на здравјето и за поттикнување на интелектуалниот, емоционалниот, физичкиот, менталниот и социјалниот развој на детето на возраст од 9 месеци до 6 години, односно до поаѓање во основно училиште, до 10 годишна возраст, согласно Законот за заштита на децата.

Лоцирана е  на  ул. “Георги Димитров“ бр. 23 блок 10 локал 3 со добиено Решение за исполнети услови за вршење на дејноста згрижување и воспитување на деца од предучилишна возраст издадено од МТСП на Р.Македонија заведено под арх. бр. 11-2849/6 од 29.05.2017 год.

// ПРИЛОГ СКЕНИРАН ДОКУМЕНТ - ОДЛУКА ОД МТСП од 23.05.2017 год.

// ПРИЛОГ СКЕНИРАН ДОКУМЕНТ - РЕШЕНИЕ ОД МТСП од 29.05.2017 год.

Градинката отпочна со работа на 10.07.2017г. оваа година и веќе во истата се згрижени дечиња на возраст од 9 месеци до 4,5 години. Со содржината, убавината и квалитетот на многу од веќе реализираните активности можете да се запознаете и информирате и во иднина да не‘ следите преку нашата ФБ страна↗ ........... и преку материјалите на нашата ВЕб страна во рубриката “галерија“. Ви препорачуваме –следете не‘ редовно, често практикуваме во врска со некои креативни активности отворени покани да упатуваме до сите Вас заинтересирани Вашето дете да биде запишано во нашата градинка. Ве очекуваме!!!

Локациски детската градинка  изобилува со многу предности од типот:

❤ Подалеку е од главна сообраќајница;
❤ Лоцирана е во средина со многу зеленило, тревни површини и дрвја, скоро од сите страни на објектот;
❤  Околината е тивка, спокојна, со амбиент кој не влијае негативно или раздразливо на престојот на децата;
❤ Паркирањето е бесплатно, едноставно, без да има потреба од изложување на било каков ризик при симнување и носење на детето до влезот на градинката;
❤ Едноставно е да не лоцирате (ориентири можат да Ви бидат: новото кино Кисела Вода, новолоцираниот ГЕТ кафе, ОУ “Круме Кепески“), но најмногу ќе ви помогне нашата google мапа↗.