ЈАС ВО МОЈАТА НОВА ГРАДИНКА LITTLE ME....

 ТЕМА ЗА МЕСЕЦ СЕПТЕМВРИ:
 ЈАС ВО МОЈАТА НОВА ГРАДИНКА LITTLE ME....
 
Почитувани родители !
 
Летото и летните лудории полека се доближуваат кон својот крај. Со убавината на  детското другарувањето ќе продолжиме во нашата градинка преку  учество на Вашите деца во КРЕАТИВНИТЕ РАБОТИЛНИЦИ.
 
Во продолжение Ви ги презентираме темите според кои  направивме  избор на креативните содржини кои ќе се работат со Вашите деца, како и дополнителните содржини кои ги осмисливме, а ќе  влегуваат во рамките на пакетот  за членување во КРЕАТИВНИТЕ РАБОТИЛНИЦИ.
 
 ПРВА НЕДЕЛА ОД МЕСЕЦ СЕПТЕМВРИ ( 04,06,.09.2017г.)
 
“Да го запознаам и да ме‘ запознае моето другарче“
 
 ВТОРА НЕДЕЛА ОД МЕСЕЦ СЕПТЕМВРИ ( 11,13,15.09.2017г.)
 
“  Во светот на детските приказни“
 
 ТРЕТА  НЕДЕЛА ОД МЕСЕЦ СЕПТЕМВРИ ( 18,20,22.09.2017г.)
 
“Недела на музиката“
 
 ЧЕТВРТА  НЕДЕЛА ОД МЕСЕЦ СЕПТЕМВРИ ( 25,27,29.09.2017г.)
 
“Да го разубавиме нашето катче во LITTLE ME....“ 
 
 КРЕАТИВНАТА  РАБОТИЛНИЦА која со децата ќе се реализира во секоја од средите во месец Септември, покрај со одговорниот воспитувач, ќе биде реализирана и на англиски јазик од страна на соодветно лице -преставник од училиштето за странски јазици со кое ќе соработува нашата градинка.
 
Ве очекуваме! Запишувањата се во тек!!
 
ПОЗДРАВ !!