Проект кој во наредниот период ќе биде инициран, разработуван, содржински осмислуван ќе биде проектот за

“НАША ГРИЖА, А ВАША ЕДУКАЦИЈА ЗА ВАС И ВАШЕТО ДЕТЕ ПРЕД И ПО РАЃАЊЕТО“

Идејата на нашата градинка е да даде максимален придонес во насока на едукација на идните и сегашните родители за многу значајни теми:

  • Психолошка подготовка за родителство;

  • Наметнување на добар, практичен, здрав и организиран режим на денот на вашето дете;

  • Зошто вашиот избор треба да биде ГРАДИНКА , а не лице кое ќе го чува детето во вашиот дом;

  • Зошто е добра инклузијата на деца кои имаат отстапување во развојот – но како истата треба да се организира и спроведува во соработка со стручните лица во градинката;

  • Како да комуницирате со Вашето дете од првиот ден на неговото раѓање и доаѓање дома;

  • Колку и како треба да се вложите во долготрајноста на процесот на доење;

  • Се за доењето, измолзувањето, чувањето на млекото од мајката и сл.

  • Педијатриски преглед на децата;

  • Психолошкиот аспект на доењето;

  • Како децата да ги научите на ред, дисциплина и почитување на правила;

  • Хигиена на детето (техника на капење од најмала возраст);

  • Каде, кога и колку баба и дедо треба и можат да учествуваат и влијаат во воспитувањето, негата и грижата за вашето дете;

  • Исхрана и рецепти за здрава исхрана на вашето дете.

ПОДГОТВИТЕЛНА УЧИЛИШНА ПРОГРАМА (во времетраење од 9 месеци, од 01.09.2017г. до  31.05.2018г.)

Во годината (возраста на детето) пред поаѓање во училиште, во услови и ситуации кога детето воопшто нема посетувано никаква и ниту една воспитно - образовна институција, како многу неопходна, значајна, неодминлива и со ништо незаменлива е потребата и препораката од наша страна ВАШЕТО ДЕТЕ ДА БИДЕ ДЕЛ ОД ОВАА ПОДГОТВИТЕЛНА УЧИЛИШНА ПРОГРАМА со кој единствена цел ни е:

  • Да го подготвиме детето во насока на неговата физичка зрелост - снаодливост, подвижност, координираност , борбеност, сигурност во своите движења;

  • Да го подготвиме детето во насока на неговата емоционална зрелост - јакнење на самодовербата, самопотврдување и самопочитување на постигнатите резултати, самоспознавање;

  • Да го подготвиме детето во насока на неговата интелектуална зрелост – способност да  учи и стекнува знаења, поттикнување на мотивацијата за учење и поаѓање во училиште, правилно развивање на свеста за обврските и одговорностите кои му престојат при поаѓање во училиште.

За погоре споменатата Програма, стручниот тим на градинката има направено  избор на содржини, активности и сл. кои особено соодветствуваат на оваа група на деца – ДЕЦА КОИ ДОСЕГА НЕ ПОСЕТУВАЛЕ НИТУ ЕДНА ВОСПИТНО - ОБРАЗОВНА ИНСТИТУЦИЈА, А ДОБРАТА ПОДГОТОВКА ЗА ПОАЃАЊЕ ВО УЧИЛИШТЕ ИМ Е НЕОПХОДНА.

Во ПРИВАТНАТА УСТАНОВА ЗА ДЕЦА – ДЕТСКА ГРАДИНКА  LITTLE ME INTERNATIONAL PRESCHOOL – СКОПЈЕ појдовна програма за реализација ќе биде ПРОГРАМАТА ЗА РАНО УЧЕЊЕ И РАЗВОЈ, донесена од министерот за труд и социјална политика врз основа на член 168 став (5) од Законот за заштита на децата („Службен весник на Република Македонија“ бр. 22/13 и 12/14).

Раното детство е важно за севкупниот развој на личноста. Теориите и истражувањата укажуваат на значењето на раното детство за интелектуалниот, емоционалниот и социјалниот развој, а со тоа и на важноста на организираното создавање услови за тој развој.

Холистичкиот пристап, на кој се базира развојот и учењето на детето од предучилишна возраст, се однесува на обезбедување на безбедна и сигурна околина за учење и развој, зајакнување на развојната подготвеност за училиште, како и формирање на правилни навики за заштита на здравјето на детето.

Во  приватната детската градинка, во текот на денот, ќе  се одвиваат најразлични воспитно - образовни активности во интерес на раното учење и развој на децата: прием на деца, слободни активности и игри, исхрана, реализација на дневното планирање (претпладне и попладне), пасивен и активен одмор, реализација на факултативни програми (доколку има интерес од родителите), моторички активности, прошетки, набљудувања, активности за стекнување културни и хигиенски навики, учество во различни манифестации, индивидуална работа со деца и родители (по потреба).

Основни центри кои ги има во секоја просторија за престој и работа  во градинката се: литературен центар, математички центар, центар за игри со конструктивен материјал, научен/истражувачки центар, уметнички центар, компјутерски/информатички центар, центар за игри со улоги, драматизација, куклени претстави, центар за изложување на детските творби (во висина на детските очи). Оваа програма овозможува воспитувачот самостојно да ги избира активностите и да ги остварува целите, согласно со неговите сознанија за развојните и индивидуалните потенцијали на децата во воспитната група која ја води. Децата имаат можност да учат низ меѓусебна комуникација, да споделуваат искуства, да експериментираат, самостојно да истражуваат, да учат низ игра. Притоа играта треба да претставува основно средство, метод и форма за учење и развој. На тој начин децата имаат можност да ја развиваат својата фантазија и креативност, да ја изразуваат својата индивидуалност и на автентичен начин да ги изразуваат своите чувства преку откривање, музика, цртање и движење, како дел од когнитивно - интелектуалниот развој. Децата треба да бидат активни учесници во игровните активности и во процесот на учењето и откривањето. Во реализацијата на програмските активности на детето треба да му се обезбедат ситуации на поттикнување, постигнување успех и задоволство, со што кај него ќе се развива самодовербата и себеприфаќањето. Во процесот на играта и учењето се препорачува поттикнување на самостојноста, иницијативноста и мотивираноста за релевантно и соодветно користење на изворите на сознанија, како и користење на природните ресурси и разновиден дидактички материјал низ активностите. Условите за учење имаат исклучително влијание врз севкупниот развој на децата. Средината (амбиентот) во којашто децата престојуваат (учат и си играат) треба да биде стимулативна, да ја поттикнува љубопитноста самостојноста и припадноста да е во согласност со нивните потенцијали и потреби. Воспитувачот го организира просторот според интересот на децата со цел тие да бидат поттикнати да учат и да се развиваат во рамките на различните развојни домени. Тој користи разновидни соодветни материјали, достапни на децата, кои по потреба ги менува (додава, вади и сл.) и кои стимулитраат истражување, откривање, играње и учење. Просторните услови треба да одговараат на индивидуалните специфичности, потреби, интереси и можности на секое дете, како и на развојните потреби во групата. Воспитувачот треба да ги охрабрува децата да земат активно учество во планирањето, уредувањето и одржувањето на занималната, а тие треба да се чувствуваат слободно додека учествуваат во разновидните активности. Се препорачува просторните услови да располагаат со центри за игра, учење и развој кои претставувват посебни делови во просторијата и во кои се реализираат различни специфични активности соодветни на домените за рано учење и развој. Само на таков начин, со создавање на позитивна атмосфера, безбедна и стимулативна средина за игра и учење, може да стимулира раното учење и развој кај децата.

ПРИВАТНАТА УСТАНОВА ЗА ДЕЦА – ДЕТСКА ГРАДИНКА  LITTLE ME INTERNATIONAL PRESCHOOL – СКОПЈЕ 

во рамките на своето работење во континуитет, највеќе поведена од покажаните потреби на родителите, ќе Ви ги презентира сегашните и новопроектираните услуги.

Во продолжение, покрај основната дејност која веќе е презентирана во рубриката “За нас“, Ви ги презентираме следниве дополнителни услуги кои ќе бидат организирани и реализирани од наша страна:

  • Реализирање на КРЕАТИВНА РАБОТИЛНИЦА за деца на возраст од 3 – 7 години во следниве термини:

  • Предпладне од 10.00 – 11.30ч. понеделник, среда, петок (во група до 12 деца);

  • Вечерна од 18.30 – 20.00ч. понеделник, среда, петок (во две групи од по 10 деца на возраст од од 3г.-5г. и од 5г-7г.)

Содржината на работилницата ќе биде исполнета со креативност, фантазија, работа со најразновиден ликовно-креативен материјал, на децата ќе се делува воспитно, едукативно, во насока на поттикнување на самодовербата, социјализацијата, комуникативните вештини, когнитивните способности и редица други аспекти кои ја чинат детската личност.

Учеството во работилниците, помеѓу другото, овозможува елементарен и минимален период на престој на детето во градинка - помеѓу своите врсници, неопходен и многу значаен за негова социјализација, снаоѓање во комуникацијата и контактите со своите врсници - неопходност која е многу значајна за натамошниот развој и прилагодување на децата во останатите социјални средини (во училиште, на гости, на улица, во парк...).

Со децата ќе работи стручно лице – воспитувач, според претходно одбрана и испланирана тема за работа која редовно ќе се објавува на нашата ВЕБ страна.

ПРИЈАВУВАЊАТА И УПИСИТЕ СЕ ВО ТЕК !!!!

  • Реализирање на вечери на куклени престави, гледање детски филмови и илустрирање на доживеаниот настан  :

  • Следете ја ВЕБ страната со цел на време да се информирате за термините (датум и час на реализација) кога ќе се реализираат вакви настани;

  • Литературни читања – дружење организирано со некоја од издавачките куќи во Р.Македонија, како и писатели за деца со цел развивање љубов и интерес на децата кон детската литература, стекнување навики за посета и членување во библиотека, збогатување на библиотеката “LITTLE ME“ и поддржување на нејзиниот проект “ПОЗАЈМИ КНИГА - ПОДАРИ ОВОШЈЕ“, бон-тон при посета на книжара...

Со текот на времето ПРИВАТНАТА УСТАНОВА ЗА ДЕЦА – ДЕТСКА ГРАДИНКА  LITTLE ME INTERNATIONAL PRESCHOOL – СКОПЈЕ, покрај веќе презентираните, постојано ќе Ве изненадува со нови видови на услуги во рамките на кои ќе можете, со претходна најава (апликација), да го пријавите Вашето дете, да го зачлените во СВЕТОТ НА ДЕЦАТА исполнет со љубов, креација, грижа и топлина, се со цел да му овозможите убави и среќни мигови во неговиот живот.

ВЕ ОЧЕКУВАМЕ!!!!   ВЕ ОЧЕКУВАМЕ!!!!   ВЕ ОЧЕКУВАМЕ!!!!   ВЕ ОЧЕКУВАМЕ!!!!