Јави се сега +389 71 311 601  Емаил info@littleme.mk   Сподели на Фејсбук Инстаграм         

Новости

  • Да ја разоткриеме пролетта!
    Да ги запознаеме нејзините убавини!
    Пролетни круни, пролетни цвеќиња, шаренило од убави бои!
    Прошетката во природа нека не биде само обично шетање и движење на отворено - разговарајте, опишувајте, прашувајте ги децата, дозволете им да фаќаат, помирисаат, протријат низ рачиња, погалат на своите обравчиња - така полесно, побрзо и поуспешно ќе учат и стекнуваат знаења, ќе научат да општат со Вас и воопшто околината...
    Говорете со Вашите деца
    #дететопредсè

  • Зошто сме денес посебно радосни?
    Затоа што нашаравме прекрасни Велигденски јајца!
    Затоа што боите ги почувствувавме безгрижно низ нашите прсти!
    Затоа што творевме до бескрај - не едно, не две... три иииии мнооогу многу шарени јајца!
    Затоа што учителката нè пофали многу пати!
    Затоа што додека цртавме и шаравме се смеевме и песнички пеевме!
    Ете затоа - денeс бевме деца во вистински шарен детски свет.
    Има многу зошто и затоа заради кои сме дел од градинката Little Me International Preschool
    #дететопредсè

  • Ревија на маски - празник за очи во градинката Little Me International Preschool
    Шарени, весели, насмеани, разиграни, распеани беа децата од нашата градинка, но и нивните гости.
    Дружењето беше разубавено и збогатено со ликовите на ведриот ВЕДРАН и тажниот СМЕШКО кој децата имаа за задача да го расположат.
    Наградите за прво, второ и трето место ги обезбедија поддржувачите на настанот VIVA сокови за деца и Vitalia Healthy food донирајќи свои производи

  • Литл Ми Интернешнл Прискул е прогласена за Коректна фирма за 2018 година.
    Ваквите работи ни даваат мотив уште повеќе да се трудиме.
    Благодарност до сите наши корисници и сите Вие кои покажавте интерес за градинката.
    #дететопредсè

  • Денеска е убав ден, среќен ден - РОДЕНДЕН!!!
    Сара наша има роденден!
    Среќни и радосни да и' минат сите дни
    А кога роденденот ќе се зачини со малку маскенбал - мммммм, повкусно нема од тоа нешто!!!!
    Маскенабаал???!!!
    Па нели е рано??!!
    Неели е идната недела???!!
    Дааааа!
    ЈЕЕЕЕЕЕЕЕ!
    Дa се подготвиме и да бидеме најшарени на свет.
    Оваа недела ни е недела на смеата, шегата, шаренилото - почнуваме со најсмешните, највеселите и најшарените - КЛОВНОВИТЕ.
    Aјде да се шегуваме и да се забавуваме.
    #дететопредсè

  • Играта е најдобар другар на децата.
    Низ игра може да се научи се и сешто.
    Најважно е што преку играта до детето можеме да допреме најсилно, да нè доживее најдобро и да го научиме да размислува правилно.
    Игра, игра и само игра.
    #дететопредсè

  • Вчера беше светскиот ден на реките.
    На боја на боја сина, може да бидат многу работи околу нас.
    Низ реката на боите секој ден пловиме - учиме водите чисти да ги чуваме.
    #дететопредсè

  • Мојот дом и мојата градинка се моите најомилени места.
    Во нив растам, учам, се дружам, се смеам и песнички пеам.
    Приказната на денот ни' беше за домот наш во ново руво и како пролетта која ни' доаѓа ќе нè направи уште посреќни!
    Го одбележавме и светскиот ден на ластовичките и го поздравивме нивното доаѓање од Југ.
    Пролет мила, ти ни' даваш сила да раснеме, пееме, заедно сите деца во градинката наша да се смееме!!!
    #дететопредсè

  • Во кругот на семејството можеме сè и сешто да правиме.
    Можеме да цртаме, боиме, играме, песни да пееме, колачи да правиме и најмногу од се да се радуваме.
    А, градинката ни' е како дома.
    Со градинката сме едно гооолемо семејство.
    Градинката нека биде достојна замена за семејствата.
    #дететопредсè

  • Здравјето на децата пред сè!
    Стручниот тим на градинката целосно е комплетиран - педагог, логопед, дефектолог, педијатар, стоматолог.
    Превенцијата во секаков поглед од развојот на детската личност значи многу...
    Најмалите имаа систематски преглед од искусен педијатар ииии ништо не беше страшно - другарчињата беа вистински јунаци!!!
    Поголемите другарчиња од денес натаму со др.Љубица вредно ќе учат и вежбаат четкање на запчиња.
    Грижата за здравјето на децата и здравите и добри навики - наша задача и одговорност
    #дететопредсè

  • Книгата постојано е наш другар.
    Другарчињата другаруваат со списанието Росица.
    И Вас родители наши ќе Ве задолжиме со домашни задачи - пренесете ни' ги Вашите искуства од работата со децата.
    Возрасните во светот на децата
    # дететопредсè

  • Сега вака:
    Овде е мојата соба..
    Тука тато оди кон терасата..
    Овде ручаме...
    Детето кога е успешно мотивирано знае убаво и детално да опишува.
    Задачата беше децата да знаат да го опишат својот дом, а воспитувачот истото да го нацрта.
    Потоа, кога секој требаше да ја составиме куќичката ни' одеше многу полесно!
    Повеќе куќички едно гоолемо СЕМЕЈСТВО на соседи и живеалишта што се вика НАСЕЛБА.
    Децата учат и творат мотивирани со добар пример и во присуство и активно учество на родителите.
    #дететопредсè

Страници